Линкови за пристапност

Каде ќе оди Македонија – кон либерализам или авторитаризам?


Роберт Каган, историчар: Каде ќе оди Македонија - кон либерализам или авторитаризам?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00

Луѓето се тие што јасно ставаат до знаење дека сакаат да бидат дел од либерална цивилизација, а не во цивилизација на авторитарен племенски национализам, вели историчарот Роберт Каган

Роберт Каган, историчар и автор на новообјавена книга со наслов „Џунглата повторно расте: Америка и нашиот свет во опасност“ преку концептот на конфронтација на либерализмот и авторитаризмот ја објаснува ситуацијата во Македонија пред референдумот.

„Авторитаризмот се повикува на основите на човековата природа. Тоа е тесно поврзано со работите за кои многу се зборува денес, како што е идентитетот и чување на културолошките одлики. Европа се соочува со искушенија. Во Унгарија, на пример е тренд за враќање кон таканаречениот племенски, наместо космополитски пристап за поврзување меѓу луѓето, вели Каган.

Но, зошто да се избере едниот, а не другиот?

Каган вели исходот е детерминиран од повеќе фактори, но според него, важно е да се знае дека „либерализмот, ги заштитува правата на поединецот и фактот дека либералниот свет е многу помирољубив“.

Тој додава дека Европа знае како изгледа племенскиот, националистички свет.

„Тоа е светот што постоеше пред 1945 година. Тоа е свет во кој мали народи, како што се Македонците не поминуваат добро зашто секогаш биле прегазувани од слоновите, од поголемите племиња.

„Затоа, заштита за малите народи е либералниот космополитски свет“, заклучува тој.

Каган вели дека луѓето се тие што ја носат одлуката во која насока ќе тргнат, а не владите.

„Луѓето се тие што јасно ставаат до знаење дека сакаат да бидат дел од либерална цивилизација, а не во цивилизација на авторитарен племенски национализам“, рече Каган, кој е редовен колумнист на “Вашингтон пост” и член на американскиот институт за политички, социолошки и економски истражувања „Брукингс“, во интервју за Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG