Линкови за пристапност

Ричардсон: Северна Кореја знае дека отишла предалеку


Ричардсон: Северна Кореја знае дека отишла предалеку
Ричардсон: Северна Кореја знае дека отишла предалеку

Северна Кореја понудила да продаде 12.000 плутониумски прачки за гориво надвор од земјата, кои нема да можат да бидат искористени за нуклеарно оружје

Поранешниот американски дипломат Бил Ричардсон вели дека Севернокорејците сфатиле дека претерале во пркосењето на меѓународната заедница и презеле чекор во вистинска насока, смирувајќи ги своите акции.

Пристигнувајќи во Пекинг, Ричардсон рече дека се надева оти петдневната посета на Пјонгјанг создала атмосфера за продолжување на шестстраните разговори со Северна Кореја, но дека допрва се чека Пјонгјанг да ги поткрепи зборовите со дела.

Ричардсон потврди претходни извештаи дека Севернокорејците понудиле враќање на инспекторите за нуклеарно оружје на ОН, кои беа истерани од земјата минатата година.

Исто така Северна Кореја понудила да продаде 12.000 плутониумски прачки за гориво надвор од земјата, кои нема да можат да бидат искористени за нуклеарно оружје.

Ричардсон во Пекинг рече дека Севернокорејците признале дека „направиле некои погрешни чекори“. Нејасно е дали тоа се однесува за минатомесечното гранатирање на јужнокорејскиот остров или потопувањето јужнокорејски воен брод во март.

Ричардсон рече дека дека добил уверување дека Северна Кореја сака да се движи во вистинска насока.

XS
SM
MD
LG