Линкови за пристапност

Ричард Крамер: Балканот да го сврти вниманието кон поблиски односи со САД и Велика Британија, наместо со ЕУ


Ричард Кремер, претседател на организацијата Алијансата САД - Европа за Гласот на Америка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Во периодот пост Брегзит и привремено замрзнување на процесот на проширување на ЕУ, од организацијата Алијансата САД – Европа во Вашингтон, коментираат дека постои нова можност

Добриот познавач на регионот и експерт Ричард Кремер е претседател на организацијата Алијансата САД - Европа во Вашингтон и во интервју за Гласот на Америка признава дека засега има застој на патот кон членство во ЕУ и нема формула како да се надмине.

„Најмногу поради одлуката на ЕУ во октомври да го суспендира процесот на проширување. Генерално, владее оптимизам, има некаков економски растеж во регионот, нема знаци за отворен конфликт, и јасна е желбата на жителите од Западен Балкан, особено Македонија и Албанија за демократско интегрирање во Унијата, вели Ричард Кремер, претседател на организацијата Алијансата САД-Европа.

Ричард Крамер во разговор за Гласот на Америка
Ричард Крамер во разговор за Гласот на Америка

Запрашан, какви импликации носи одлуката на Брисел да го одложи почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, врз другите во регионот, Кремер, вели:

„Сигурно е разочарувачки за аспирациите на другите земји во регионот. Претпоставувам дека прашањата кои ги поставуваат е кому сега да се потпреме, ако ЕУ привремено е уморна од проширувањето. Можеби ќе сакаат да ги пренасочат своите држави кон поблиски односи со САД и со Велика Британија“
Сугерира Крамер во идејата за ново англо-американско партнерство


„Сигурно е разочарувачки за аспирациите на другите земји во регионот. Претпоставувам дека прашањата кои ги поставуваат е кому сега да се потпреме, ако ЕУ привремено е уморна од проширувањето. Можеби ќе сакаат да ги пренасочат своите држави кон поблиски односи со САД и со Велика Британија“, вели Кремер.

Меѓутоа, дали ЕУ може да го задржи кредибилитетот на Западниот Балкан покрај ефектот од привременото замрзнување на проширувањето:

„Тоа е тешко прашање да се одговори. Тоа е прашање за граѓаните кои живеат на Балканот - дали тие сметаат дека е нарушен кредибилитетот на ЕУ. Кога ќе ги видите анкетите кои натаму покажуваат дека мнозинството сака да биде дел од Унијата, тоа не е случај. Но, целосно ја разбирам разочараноста на Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, кои што презедоа многу реформски чекори кон евентуално членство, и сега мора да почекаат зашто вратите на ЕУ се затворени“, заклучува овој експерт од Балканот.

И, додека ЕУ се колеба за интеграција на регионот, Москва е будна. Изминатата деценија е регистриран пораст на стапката на руско влијание, затскриено или отворено, потсетува Кремер и додава:

„Маските сега се симнати. Има голема свесност во европските метрополи и овде во Вашингтон за руската стратегија кон Западниот Балкан. Русија и натаму е активна на Балканот, но како што изложивме во нашиот документ за англо-американско партнерство на Западниот Балкан, треба да се воочат економската и геостратешка важност на регионот, и со подобрување на инфраструктурата, и зголемувањето на финансиската поддршка и развој, граѓаните да бидат во можност да носат правилни одлуки за нивната иднина“, заклучува претседателот на организацијата Алијансата САД - Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG