Линкови за пристапност

Дебата на републиканците во Ајова


Дебата на републиканците во Ајова
Дебата на републиканците во Ајова

Фаворитот Гингрич заедничка мета на останатите претенденти.

Републиканските претенденти за претседателската функција одржаа дебата во Ајова - сојузната држава каде за помалку од еден месец ќе се оддржат првите партиски прелиминарни избори.

Поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гинрич од неодамна води во партиската трка за Белата куќа. Неговиот главен конкурент, поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, го опиша Гингрич како инсајдер од Вашингтон кој не е способен да ја подобри американската економија.

Гингрич, пак, за себе кажа дека е политичар со чисто досие на остварени резултати и човек кој може да ги исполни претседателските обврски.

Навраќајќи се на својот неодамнешен коментар дека Палестинците се измислен народ, Гингрич во саботата појде чекор понатаму, нарекувајќи ги терористи и тврдејќи дека во училиштата предаваат тероризам.

XS
SM
MD
LG