Линкови за пристапност

„Република Илинденска Македонија“ - можен договор по средбата Заев - Ципрас


Молк во Македонија по средбата Заев - Ципрас
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Најавена лидерска средба за консултации за предлогот

„Република Илинденска Македонија“ - дали е тоа опцијата која вчера била утврдена како прифатлива за двете страни на премиерскиот состанок Заев - Ципрас во Софија? На ова прашање, кое денеска е главна тема во домашната јавност, владата не дава одговор - ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата.

„Нема да следат натамошни коментари зашто прво треба да бидат информирани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на државата и другите лидери, што ќе се случи многу скоро“ - соопштуваат од владата без да наведат прецизен датум за оваа средба-координација меѓу клучните политички фактори во земјата. Одговори бара и опозицијата - прашува што е договорено во Софија и зошто нема најава за лидерски состанок.

„Шест дена се доволен период и за усогласување и на термините со лидерите и доволен период Заев да и објасни на јавноста што се случува со преговорите за името. Очигледно се работи за нешто сосема друго и владата се обидува нешто да скрие од јавноста! Но она што можеше да се види во изминативе денови е нескриен отпимизам од грчката страна и тврдењата на Заев дека имало „некакви“ креативни решенија, без да соопшти за што станува збор. Заев кажа дека биле утврдени некакви опции што би можеле да бидат прифатливи.Кои се тие опции, дали тоа значи дека веќе се договориле? Или тоа значи дека се што грчката страна побарала Заев се согласил? Дали тоа значат преговори за Заев?“, изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

На одговори на овие прашања најверојатно ќе се чека на координацијата за името. Амбасадите на дел од клучните земји-членки на НАТО позитивно гледаат на состанокот во Софија. „Го поздравуваме огромниот напредок и напорната работа на Mакедонија и Грција за постигнување заеднички прифатливо решение за прашањето за името. Надминувањето на овој спор ќе биде од корист на двете земји и ќе ја зајакне регионалната безбедност и просперитет“ - е одговорот на американската амбасада на прашањето на „Гласот на Америка“.. Координација за договореното во Софија ќе има и во Грција - претстојниот викенд премиерот Ципрас ќе ги информира шефот на државата и лидерите на главните партии за епилогот од средбата со Заев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG