Линкови за пристапност

Северна Македонија на 90 место на Индексот на слобода на медиумите од Репортери без граници


Северна Македонија се најде на 90 место - Репортери без граници
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Ова рангирање за 2021 претставува напредок од 2 позиции во однос на 2020. Сепак, и покрај напредокот извештајот за земјава насловен како „Културата на неказнивост продолжува“ нотира сериозни проблеми.

„Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да се закануваат и да ги навредуваат медиумите, а се зголеми и сајбер малтретирањето и вербалните напади врз новинарите на социјалните мрежи. Сo сето ова се засили веќе вкоренетатa култура на неказнивост... Министерството за правда изготвува нов кривичен законик со што ќе им се овозможи побезбедна работа на новинарите и медиумските работници“ - се вели во извештајот на „Репортери без граници“.

Наодите на оваа меѓународна организација која се бори за медиумските слободи ги пренесе и најастарото и најголемо домашно новинарско здружениe – ЗНМ.

„За појавата на насилство и напaди врз новинари, ЗНМ повеќе пати јавно укажуваше во текот на минатата година и алармираше дека доколку не се казнуваат напаѓачите кон новинарите, насилството ќе продолжи, а ова ќе биде нотирано и од меѓународните организации“ – стои во соопштението на Здружението на новинари на Македонија.

Според опозицијата во земјава се спроведува, како што велат, „медиумски мрак“.

Во Македонија постои класичен медиумски мрак и ситуацијата во Извештајот на `Репортери без граници` за ситуацијата со медиумите во Македонија е оценета лоша
Димче Арсовски, ВМРО - ДПМНЕ


„Во Македонија постои класичен медиумски мрак и ситуацијата во Извештајот на `Репортери без граници` за ситуацијата со медиумите во Македонија е оценета каква што е дека е лоша дека владините функционери и натака се закануваат на новинарите, односно се обидуваат да ги угушат и да не говорат за криминалот кој ни се случува пред очи.“, изјави Димче Арсовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Годинешното рангирање на Северна Македонија, според индексот на слобода на медиумите, е најдобро во изминатите 8 години.

На пример, во 2014-тата земјава, според „Репортери без граници“, била на 123-тата позиција од вкупно 180 земји. За 2021 во регионот, пред Македонија се Косово и Албанија, на 78-то и 83-тото место, додека зад неа се Србија, Црна Гора, Бугарија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG