Линкови за пристапност

Гласање во САД за референдумот


Се гласа во Вашингтон, Чикаго, Њујорк и Детроит

Во САД денеска се гласа за референдумот во Македонија, што треба да го отвори патот кон ЕУ и НАТО.

Прашањето на референдумот гласи - „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“.

Во САД се гласа во Њујорк (83 прифатени), Чикаго ( 81 прифатени) , Вашингтон (45 прифатени) и Детроит ( 44 прифатени ) Според ДИК, може да се гласа, во дипломатско и конзуларно преставништво во странство ако има најмалку 10 пријавени гласачи. Гласањето во дијаспората започна во 7 часот наутро, и завршува во 19 часот по локално време.

Заменик - членот на избирачкотo место 5040 во Вашингтон, Башким Јакупи, за Гласот на Америка потврди дека гласањето е отворено во 7 часот наутро и оти се одвива без проблеми.

Во моментов, 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори се распоредени низ дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) и конзуларните претставништва на Македонија.

Гласањето во странство се одвива во 33 дипломатско конзуларни претставништва и канцеларии на Република Македонија, а пријавени за гласање се вкупно 2.694 македонски државјани.

Гласањето за референдум е идентично со она на избори: Проверка со ув-ламба на десниот палец, лични документи за идентификација и потпис во Избрачкиот список.

Доколку некој од пријавените граѓани за гласање во ДКП-та за референдумот допатуваат во Македонија нема да може да го остварат тоа право во земјата бидејќи неговото име ќе биде во посебните изводи од Избирачкиот список наменети за дијаспората.

Денеска гласањето се спроведува и за болните и немоќните лица, за затворениците, и за лицата во домашен притвор.

На последната анкета на Гласот на Америка – дали кампањите може да ви го променат мислењето, 91% одговорија негативно, 8 проценти се изјасниле со ДА, а неопределено одговориле само еден отсто.

Гласањето на референдумот во Македонија, се одржува утре, в недела, на 30-ти септември.

Утрешниот референдум во Македонија ќе биде под лупа на 11.927 домашни набљудувачи, партиципираат и Цивил со 307, Ленка со 129 и други.

Во ДИК се акредитирани и 493-ца меѓународни набљудувачи, 194 преведувачи и 111 странски новинари.

Најбројна е мисијата на ОБСЕ - ОДИХР со 197 претставници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG