Линкови за пристапност

Како Македонија да ги задржи младите, високообразовни кадри?


Бизнис заедницата за справување со проблемо со иселувањето на младите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Бизнис заедницата за справување со проблемо со иселувањето на младите

Дебата на форум организиран од Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Како да се подобри бизнис климата во Македонија преку поттикнување на промени – и општествени и економски. За ова денеска се дебатираше на форумот организиран од Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, чија цел е да им помогне на малите и средни претпријатија полесно да ја следат законската регулатива. Се разговараше за даночните решенија, даночната политика, но и за проблемите со кои се соочува еден од најбзро растечките сектори во земјава – информациско-комуникациските технологии.

„Имаме редица предизвици со кои се соочуваме и за кои сакаме со Владата да разговараме - имаме 35 позициски докумени, изработени во изминатите две години колку што постои проектот, а се поврзани со животна средина, ИКТ-секторот, туризмот, градежништвото“, коментира Анита Никова Бундовски од Масит.

Клучно прашање за кое веќе подолг период се дебатира и во бизнис-заедницата е како Македонија да ги задржи младите, високообразовани кадри. Како да се спречи нивното масовно заминување во странство?

„Вие убаво прашавте што може да се направи со задржувањето на кадрите во Македонија. Тоа може да се направи само ако се овозможи поволна деловна атмосфера за фирмите – тие добро да работат за да овозможат и добри услови за вработените.“, додава Љупчо Димовски од директор на Проектот „ Партнерство за подобра иднина.

Подобро образование, нормализирање на владеење на правото се само елементите од, како што економскиот сектор ја нарекува, целопкупната тема на задржување на младите и адресирање на прашањето до институциите преку разработени ставови на бизнис-заедницата.. Ситуацијата во Македонија е алармантна – се повеќе млади заминуваат, а точната бројка не може да се утврди, бидејќи последниот попис се одржа во 2002-та. На, пример, Еуростат објави дека во периодот 1998-2011, 230.000 лица, повеќето млади, се иселиле од земјава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG