Рикер навиваше за Македонија - актуелниот заменик-помошник државен секретар Филип Рикер, кој во моментов е во официјална посета на регионот, со македонски дрес на себе на трибините во Ниш го следеше натпреварот меѓу Македонија и Чешката Република на Европското ракометно првенство во Србија.
Во видеото поставено на Фејсбук-страницата на Амбасадата на САД во Македонија, Рикер дава и кусо интервју, во кое вели дека бил сведок на одлична атмосфера.
„Ова беше одличен натпревар, ова е извонреден спорт. Јас сум голем љубител на спортската дипломатија и со тек на времето го засакав ракометот“, вели поранешниот амбасадор во Македонија.
„Одговорен сум за балканскиот регион во Стејт департментот и конкретно во оваа прилика, можам да ја поддржам Македонија“, духовито коментираше Рикер.