Ноќ на спротивставености. Вака демократите и републиканците гледаат на политичкото наследство на Обама како претседател.
Обама ги повика Американците да гледаат во иднината во време на промени. Демократите ги поздравија неговите напори да ги сублимира последните седум години.
„Целиот говор беше малку носталгичен. Се наврати на искуството од седум години. Мислам дека од сите говори за состојбата со нацијата, овој го пишувал – лично!“ вели Елиот Енгел, демократски конгресмен.
„Мислам дека претседателот се изјасни за улогата на Америка. Треба да бидеме ангажирани, да покажеме лидерство. Мислам дека беше мошне јасен за принципите зад кои стоиме!“, додава Бен Кардин, демократски сенатор.
Републиканците го критикуваа дека обраќањето има недостиг на детали.
„Би сакал повеќе да слушнам за балансот во буџетот, поразувањето на ИСИЛ и заживување на економијата“, изјави Том Мерино, републикански конгресмен.
„Не беше убедителен. Добро зборува, но зошто не го имплементира тоа за што зборува“, коментира Том Кол, републикански конгресмен.
Но, претседателските избори во 2016-та беа секому во умот – дури и на Обама.
„Ќе се обидам да не должам многу. Знам дека некои од вас едвај чекаат да заминат за Ајова“ најави претседателот Обама.
И републиканските кандидати со реакции дури пред говорот.
„Обраќањето до нацијата нема да биде повик за акција. Ќе биде листа со фантазии од претседателот“, заклучи Крис Кристи, републикански претседателски кандидат
И републиканскиот претседателски кандидат Џеб Буш преку Твитер се огласи за говорот на Обама. Смета дека за економијата и стратегијата за поразување на ИСИС, претседателот Обама живее во друг свет.