Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓанитеЗНМ
Здружението на новинари и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници сметаат дека ваквиот однос е неприфатлив и бараат санкционирање на напаѓачот. „Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните“ – се вели во соопштението на ЗНМ и Синдикатот. И Агенцијата за медиуми реагираше велејќи дека „ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на изразување и на правото на информирање на јавноста“.
ВМРО-ДПМНЕ осудува секаков вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум.ВМРО - ДПМНЕ
И организаторот на протестот се огради од инцидентот. „ВМРО-ДПМНЕ осудува секаков вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум. Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари“ – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
МВР денеска информираше дека е идентификуван човекот што ја нападнал екипата на „Ал Џезеира“ кого го пријави новинарката за време натраењето на митингот.
Станува збор за 41-годишен Скопјанец кој бил приведен во полициска станица и против кој, како што информира МВР, ќе следи „соодветен поднесок“.
Facebook Forum