Линкови за пристапност

САД: повик до сите, да се почитува пресудата за Караџиќ


Американски реакции по доживотната казна затвор за поранешниот лидер на босанските Срби

По објавувањето на доживотната казна затвор за Радован Караџиќ, Стејт департментот ја коментираше пресудата преку соопштение од амбасадата на САД во Босна и Херцеговина.

„Амбасадата на САД во Сараево ја поздравува денешната пресуда на Апелациониот совет на Судот во Хаг. Пресудата претставува важен чекор кон утврдување одговорност на поединци кои предизвикаше огромни страдања на жителите до Босна и Херцеговина, и пресудата ја задоволува правдата спрема жртвите и нивните семејства“

Понатаму од американската амбасада во Сараево во соопштението се вели дека „апелираме до сите страни да ја почитуваат пресудата и да се свртат кон колективно помирување и заеднички живот, што е неопходен за стабилна Босна и Херцеговина“.

Поранешниот американски амбасадор во НАТО и актуелен специјален американски пратеник во Украина, Курт Волкер, изрази надеж дека изрекувањето на пресудата на Караџиќ нема да биде повод за нови непријателства во Босна и Херцеговина. Мислам дека сите граѓаните на Босна, независно, дали се Муслимани, Срби или Хрвати, мора искрено да се соочат со минатото. Се надевам дека пресудата ќе поттикне размислување, а не нови поделби и непријателства“, истакна Волкер за Гласот на Америка.

Заменикот-директор за Европа при Амнести Интернешенал Масимо Морати, изјави дека денешната доживотна казна затвор за Караџиќ под обвиненија за геноцид, злосторства против човештвото и воени злодела, испраќа силна порака во светот: “Повеќе нема ронка сомнеж дека дали тој е виновен за најсериозни злосторства според меѓународните закони извршени на европско тло од крајот на Втората светска војна“.

Од Амнести интернешенал наведуваат дека пресудата демонстрира дека воените криминалци не можат да ја избегнат правдата и неказнувањето нема да се толерира. Исто така, наведуваат од Амнести, дека пресудата нуди чувство за правда за жртвите од Караџиќ, кои што чекаа на овој ден повеќе од 24 години.

Од оваа организација наведуваат дека локалните власти во Босна и Херцеговина, но и во регионот, ќе преземат чекори да го затворат, ова темно поглавје во балканската историја.

Главниот обвинител на меѓународниот кривичен Трибунал Серџ Брамерц, во реакцијата за пресудата на Радован Караџич рече тој е осуден како поединец, и оти пресудата не се однесува на целиот српски народ.

Денешната пресуда е зголемување на неговата претходна казна затвор од 40 години.

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ доби доживотна затворска казна за геноцид и воени злосторства.

Судот во Хаг ја донесе пресудата поради неговата улога во масовните убиства на цивили во конфликтот во Босна пред 25 години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG