Линкови за пристапност

Радмила Шекеринска најави повлекување од потпретседателската функција во СДСМ


Промени во СДСМ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Промени во СДСМ

Апсолутно, пристапот кон конгресот ни е да формулираме нови политики, а тие да бидат и подобри“, изјави Шекеринска, потпретседателка на СДСМ.

Доживува ли владејачкиот СДСМ, кој од 2017 управува со земјата, сериозни внатрешни потреси – лидерот тврди не, настаните велат поинаку. И покрај уверувањата на актуелниот премиер за единство во партијата, ситуацијата е дека по долги години соработка Радмила Шекеринска реши да не му биде партиска заменичка на Зоран Заев кој пред само еден месец беше реизбран за претседател на социјалдемократите.

Одлуката јас ја почитувам, но само ќе кажам дека Шекеринска, покај граѓаните, е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за кандидатскиот статус.
Заев, премиер и претседател на СДСМ


„Одлуката јас ја почитувам, но само ќе кажам дека Шекеринска, покај граѓаните, е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за кандидатскиот статус. Знам дека ќе продолжам да соработувам со неа, таа е моја другарка, без оглед на тоа каде ќе се најдеме – во СДСМ или во општеството. Во општеството сигурно, тоа е потребното поради нејзиното големо искуство.“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Нејасно е дали изјавата на Заев е ублажување или релативизирање на состојбата која ја разбранува политичката јавност по вчерашната изјава на Шекеринска дадена токму на денот кога социјалдемократите одбележуваа 30-годишнина од формирањето, само неколку часа пред онлајн собирот - дека на претстојниот Конгрес нема повторно да се кандидира за позицијата заменик-претседател на партијата.

Апсолутно, пристапот кон конгресот ни е да формулираме нови политики, а тие да бидат и подобри.
Шекеринска, СДСМ


„Добив прашање од мојата општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека навистина и СДСМ, меѓутоа и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон конгресот ни е да формулираме нови политики, а тие да бидат и подобри“, изјави Шекеринска, потпретседателка на СДСМ.

Засега не се знае што е причината за ваквиот, за јавноста неочекуван, чекор на Шекеринска кој не може да биде без последици зашто станува збор за вториот човек во партијата и долгогодишна министерка во актуелната и во претходните влади на СДСМ.

Дали таа се дистанцира од вас?

„Ќе ја прашате Шекеринска дали таа се дистанцира од мене, јас го кажав моето мислење за Радмила, таа е мојот заменик во СДСМ. Беше заменик во првата моја влада и министер, таа сега е министерка за одбрана и навистина е еден од моите први соработници. Мислењето за Заев може да го каже Шекеринска и немам сомневање какво мислење ќе сподели со мене зашто работиме секојдневно.“, изјави Заев, претседател на СДСМ.

Двоецот Заев-Шекеринска ја презеде партијата во 2013 кога СДСМ, веќе со години, беше во опозиција и во многу понеповолна ситуација во однос на тогаш неприкосновената ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2017 наваму, социјалдемократите немаат загубено избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG