Линкови за пристапност

Поранешни лути непријатели заедно против радикализирани терористи


Поради видеото со запалив материјал, петнаесетина напади беа инспирирани или под влијание на групата „Револуција Муслимани“

Досега имало приказни за криминалци кои го смениле животот, но ова не е секојдневна приказна, кога двајца лути непријатели, поранешен муслимански екстремист и поранешен разузнавач, ги здружуваат силите да запрат радикализација на млади Муслимани.

Џеси Мортон во 2009-та преку Јутјуб ја промовираше Ал-Каида во САД. Американец, познат како Јонус Абдулах Мухамед.

Поради видеото со запалив материјал, петнаесетина напади беа инспирирани или под влијание на групата „Револуција Муслимани“. Мичел Сајбер, поранешен директор на детективскиот оддел на њујоршката полиција го следел Мортон пет години, пред да го испрати во затвор.

Денес, двајцата се во ист тим - во борбата против заедничко зло.

Едновремено непријатели, двајцата формирале компанија - Parallel Networks. Нудат советувања за поранешни американски џихадисти, за да се интегрираат во општеството.

„Целта е да оттргнат од насилство“.

Шакир Масри сега работи, откако отслужи седум години затвор за поврзаност со Ал Шабаб.

Никој не го разбира тоа подобро од него. Стана информант на ФБИ откако отслужи 3 од 11 години затвор. Констатира дека американските затвори немаат доволно програми за дерадикализирање на екстремисти.

„Една работа недостига, не правиме доволно“.

Мортон откако излегол од затвор, земал кокаин, и повторно завршил во затвор. Тој вели дека владата не може сама да ги интегрира поранешните екстремисти.

„Екстремистичките организации се менуваат преку ноќ“, вели Мортон.

Parallel Networks од неодамна презема искуствата. Како од Тања Џолиа, која пребегнала од Сирија со четирите деца. Го напуштила сопругот, највисок рангиран американски припадник во Исламската држава.

„Ми беше забрането да размислувам“, коментира Џолиа.

Таа сега помага со протоколот за рехабилитирање поранешни терористи во Parallel Networks.

Двајца непријатели, сега соработници. Се борат заедно против злото, кое ги поврза.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG