Линкови за пристапност

Австралиската авио-компанија Квантас се реорганизира поради коронавирусот


Авио-компанијата планира да приземји десетина авиони.

Австралиската авионска компанија Квантас ги реорганизира операциите, вклучувајќи и одложување на новите нарачки на патнички авиони, како одговор на коронавирусот што доведе до намалување на побарувачката од патниците.

Авио-компанијата планира да приземји десетина авиони.

„Северна Америка и Европа се особено погодени со купување нови билети. Ќе се намали околу 25% од капацитетот на меѓународните операции. Тоа значи ќе приземјиме меѓу 10 до 12 авиони од типот А380с“, изјави Алан Џојс, извршен директор на Квантас.

И другите авио-компании се соочуваат со големи загуби поради коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG