Линкови за пристапност

Путин: Евреи и други етнички групи можеби се мешале во изборите во САД


Тој ги отфрли неодамнешните обвинителни акти од специјалниот истражител Роберт Мулер

Рускиот претседател Владимир Путин, сугерираше дека Евреи, Украинци или Татари, можеби биле вклучени во мешањето во претседателските избори во 2016-та, но повторно отфрли вмешаност од официјален Кремљ.

Во интервју за Ен-Би-Си во неделата, Путин го отфрли заклучокот од американската разузнавачка заедница дека тој наредил кампања за подривање на американската демократија, со цел да му помогне на могулот за недвижнини Трамп да обезбеди четиригодишен мандат.

Рускиот лидер рече дека не е убеден во покренувањето на обвинителни акти врз 13 руски државјани и три руски компании за вмешаност во изборите во САД од страна на специјалниот истражител Роберт Мулер. Тој оцени дека никогаш нема да екстрадира индивидуалци со цел да бидат изведени пред суд во САД.

„Во Русија има 146 милиони Руси. Сите тие не ги претставуваат интересите на руската држава“, категоричен е Путин.

Интервју со рускиот претседател Путин на новинарката Меган Кели од Ен-Би-Си
Интервју со рускиот претседател Путин на новинарката Меган Кели од Ен-Би-Си

„Можеби“, Путин сугерираше во интервјуто за Ен-Би-Си, дека „дека не се ниту Руси, туку Украинци, Татари, Евреи со руско државјанство. Можеби имаат двојно државјанство или зелена карта. Можеби САД, платиле за нивните услуги“, покрена многу прашања првиот човек на Руската федерација.

Еврејските заедници ги осудија сугестиите на Путин дека Евреи биле одговори за мешање во изборите во САД.

Конгресните демократи го повикаа претседателот Трамп да ги искористи „сите расположливи средства“ да осигура дека 13-те Руси, против, кои специјалниот истражител Мулер покрена обвинение, ќе бидат изнесени пред суд во САД.

Трамп призна дека имало руско мешање во американските избори во 2016-та, но неодамна кажа и дека тоа може да е извршено од други држави, или можеби, поединци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG