30-тина демонстранти од движењето „Окупирај го Вол стрит“ во Нешвил, Тенеси денес излегоа од притвор. Тие беа уапсени во раните утрински часови за прекршување на полициската забрана за собирање на плоштад во текот на ноќта, местото каде демонстрираат изминативе неколку дена.
Во Окланд, Калифорнија, пак, здравствени лица соопштија дека состојбата на ирачкиот воен ветеран Скот Олсен, повреден во обидот полицијата да ги избрка демонстрантите од градскиот плоштад, се подобрува.
Градоначалничката на Окланад Џил Кван издаде соопштение во кое вели дека „длабоко жали“ за насилството од вторникот како и дека нејзината администрација повела истрага за употребата на сила од страна на полицајците.
Градските власти најавија дека дека ќе им дозволат на демонстрантите да се собираат од 6:00 до 22:00 часот, но дека нема да толерираат кампување преку ноќ.