Полицијата ги растера демонстрантите поврзани со движењето „Окупирај го Вол стрит“ од главниот парк во Портланд, сојузната држава Орегон. Сепак тие ветуваат дека ќе ги продолжат демонстрантите низ други делови на градот.
На демонстрантите им беше даден рок до полноќ по локално време во неделата да ја напуштат локацијата каде стотици од нив кампуваат уште од октомври. Илјадници симпатизери на движењето се собраа во саботата навечер за да помогнат во обидот на полицијата за сузбивање на движењето.
Но, штом толпата се растурила неделата утрото, очевидци велат дека полицијата мирно влегла во паркот и почнала да ги собира шаторите и да собира отпадоци.
Градоначалникот на Портланд истакна дека полицијата планира да ги отстрани оградите околу паркот за да спречи нивно повторно собирање. Градските власти загриженоста за хигиената и безбедноста ја наведуваат како причина за растурање на демонстрантите.
Организаторите на нивниот Фејсбук профил објавија порака за ново зборно место, велејќи дека „нема да молчат.“
Овие протести во Портланд се лабаво поврзани со национално движење против корпоративната алчност и економската нееднаквост што започна во Њујорк во септември познато како „Окупијај го Вол стрит“.