Британскиот принц Вилијам денес е гостин на американскиот претседател Барак Обама. Според најавите, тој на средбата во Белата куќа ќе разговара за борбата против незаконската трговија со диви животни.
По средбата со Обама, идниот крал на Англија ќе одржи говор на конференција против корупцијата во организација на Светската банка во Вашингтон. Се очекува принцот Вилијам да подвлече дека нелегалната трговија со слонова коска, рогови од носорог и други делови на животни е еден од најподмолните видови на корупција и криминал во светот денес и дека треба агресивно да се гонат оние коишто се вклучени во тоа.
Вилијам, сопругата Кејт и братот на принцот, Хари, се основачи на добротворната организација Обединети за заштита на дивината.