Фридом хаус објави дека има опаѓање на слободата на печатот ширум светот, заедно со политичките права и граѓански слободи.
Во редовниот годишен извештај, кој што е објавен денеска, невладината група објави дека генерално, има пад на глобалната слобода на медиумите на најниска точка во повеќе од една деценија и продолжува нападот врз независните медиуми во авторитарните држави и заканите врз новинарите во традиционално слободните општества.
Сара Репучи, виш директор за истражување и анализи во Фридом хаус, за Гласот на Америка изјави дека опаѓањето на слободата на медиумите се случува на „двете страни од спектарот“.
Од една страна, се наоѓаат режимите кои е познати со постојан притисок врз медиумите: како апсење на новинари, закани по нивната безбедност, репресивни закани, криминализирање на слободата на говорот. Од друга страна, се наоѓаат демократски избрани лидери коишто користат нови тактики да ги манипулираат медиумите и да ја преземаат контролата врз пораките до популацијата“.
Извештајот ја рангира состојбата со медиумите како „слободни“, „делумно слободни“ и „неслободни“.
Најновиот извештај покажа дека во 16 нации окарактеризирани како „слободни“ има намалување на рејтингот за слободата на печатот во последните пет години. Но, загрижувачки тренд е во Европа, каде во четири од пет држави со слободен рејтинг, има пад од 8%.
Репучи која е водечки автор на извештајот, изјави дека државите како Унгарија и Србија „паднаа во категоријата на делумни слободни и предничат во новите тактики за притисок врз медиумите“.
Северна Македонија спаѓа во категоријата на делумно слободни медиуми. По групи, од 0 најлоша, до 4 најдобра, земјата е во втората група и има регистрирано подобрување на сликата со медиумите од лани.
САД, за состојбата со медиумите се најде во четвртата, најдобра група – 4, и натаму е во категоријата слободни медиуми.
Facebook Forum