Линкови за пристапност

ЕУ, Канада и Мексико засега изземени од новите тарифи за челик и алуминиум


Секретарот за финансии Стивен Мнучин и виши официјални лица заминаа за Кина на разговори за новите трговски односи со САД

Претседателот на САД Доналд Трамп, повторно го одложи воведувањето нови тарифи за увоз на алуминиум и челик од ЕУ, Канада и Мексико најмалку за уште месец, со цел да се прецизираат деталите од новиот договор со САД.

Привремено изземање на новите тарифи кои што веќе се воведени врз држави како Кина, Јапонија и Русија, требаше да се стапи во сила денес.

Секретарот за финансии Стивен Мнучин и виши официјални лица заминаа за Кина на разговори за новите трговски односи со САД.

Трамп веќе воведе 25 процентни тарифи за увоз на челик и 10 отсто за алуминиум врз Кина, Русија, Јапонија и други извозници со цел да анулира, како што кажа, нефер конкуренција.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, предупреди дека воведување на нови тарифи врз канадскиот челик и алуминиум, негативно ќе се одрази врз американската и канадската индустрија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, предупреди на евентуалната трговска војна со САД, ако ЕУ од Вашингтон не добие постојано изземање од новите тарифи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG