Линкови за пристапност

Претседателот Иванов не го потпиша Законот за јазиците


Иванов не го потпиша указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Иванов не го потпиша указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците

Според шефот на државата, на ваквата одлука се решил зашто законот е неуставен и создава паралелизам во државата.

Шефот на македонската држава реши да не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците кој мината седмица беше усвоен во Собранието.

Според Иванов, на ваквата одлука се решил, зашто законот е неуставен и создава паралелизам во државата. Сега тој пак ќе оди на гласање пред пратениците.

Ако биде усвоен, претседателот Иванов ќе мора да го потпише указот.

„Со овој закон се воведува многу скап паралелизам во сите органи на државната власт, што води кон нивна целосна блокада и нефункционалност. Во услови на блокада постои опасност да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загрозување на унитарноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Наместо во духот на дијалогот и соживотот да градиме мултиетничко општество преку праведни и општоприфатени закони, ние донесуваме неправеден и репресивен закон со кој се фаворизира само албанскиот јазик. Затоа, имајќи ги предвид моите согледувања за неусогласеноста на Законот за употреба на јазиците со Уставот, но и изнесените укажувања на експертската и пошироката јавност за противуставноста на овој закон, а врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишам указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците“, изјави претседателот Иванов во образложувањето на неговата одлука.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG