Линкови за пристапност

Кина ги предупреди САД да не се сретнат со Далај Лама


Духовниот тибетски водач ќе присуствува на Молитвениот појадок во САД подоцна неделава

Кина во понеделник кажа дека се противи на средба на Далај Лама со било која земја и на „каков било начин“, откако Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама ќе присуствува на Молитвениот појадок со тибетскиот духовен водач подоцна неделава.

На прес-конференција во Пекинг, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи ги повика САД да се однесуваат „во интерес на билатералните односи“.

Белата куќа најави минатата недела дека Обама ќе се обрати на Молитвениот појадок на 5-ти февруари во Вашингтон каде ќе се осврне на важноста од верските слободи. Најавено е присуство и на Далај Лама. Сепак, американската администрација не најави директна средба меѓу двајцата.

Кинески официјални лица беа лути кога Обама одржа трета средба со Далај Лама во Вашингтон минатиот месец.

Пекинг го смета Далај Лама за опасен сепаратист кој се залага за независен Тибет.

XS
SM
MD
LG