Линкови за пристапност

72-ца обвинети за детска порнографија


72-ца обвинети за детска порнографија
72-ца обвинети за детска порнографија

Уапсени лица во вкупно 14 земји во операцијата што трае од 2009-та

САД објавија обвиненија против 72 лица наводно вмешани во меѓународна мрежа на детска порнографија.

Објавувајќи ги обвиненијата, американскиот главен обвинител Ерик Холдер и секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано порачаа дека оние кои ќе се обидат да експлоатираат деца ќе бидат пронајдени, запрени и изведени пред правдата.

Американските власти во операцијата „Делего“ следеле стотици лица ширум светот, а уапсените доаѓаат од вкупно 14 земји. Операцијата започнала во 2009-та и се` уште е во тек.

Холдер рече дека мрежата под името Дримборд налагала членовите постојано да обезбедуваат детска порнографија, а оние кои самите ја продуцирале добивале повластен статус. 13 лица веќе се изјасниле како виновни, а четворица се осудени на казни од 20 до 30 години затвор.

XS
SM
MD
LG