Во својата редовна божиќна порака, Папата Бенедикт повика на ставање крај на крвопролевањето во Сирија и обнова на блискоисточните мировни преговори.
Во годишното обраќање Папата понуди и молитви за стотици илјади жртви на поплавите во Источна Азија и гладните на Брегот на слоновата коска. 84-годишниот папа повика на натамошен политички дијалог во Бурма. На плоштадот Свети Петар пораката ја слушаа десетици илјади верници и туристи.