Благодарноста во светот за лидерството на САД бележи пад откако Доналд Трамп стана претседател пред една година, според истражување на Галуп.
Повеќе: http://news.gallup.com/poll/225761/world-approval-leadership-drops-new-low.aspx
Просечната одобрување на американското лидерство сега е 30 проценти во 134 држави во светот, и е пониско, споредено со времето на претходните претседатели Барак Обама и Џорџ Буш.
Од 134 држави во светот, одобрувањето за американското лидерство има надолен пад во 65 од нив, повеќето сојузници и партнери.
За 40 поени има пад во одобрувањето на политиката на САД во Норвешка, Канада, Белгија, Португалија. Тоа е драстична разлика од 2016-та, кога мнозинство во сите овие држави го одобруваше лидерството на САД.
Во само четири држави, благодарноста за американското лидерство има пораст од најмалку 10 поени. Тоа се Либерија (17 поени), Македонија (15 поени) Израел (14 поени) и Белорусија (11 поени).
Во Израел 67 проценти од анкетираните го одобруваат американското лидерство, што е ист рејтинг, како за време на администрацијата на Џорџ Буш.
По региони, споредено, најголем пад во репутацијата на американското лидерство има во Северна и Јужна Америка. Перцепцијата за САД има пад и во Европа, со актуелно одобрување од само 25 проценти. Во Азија, тоа изнесува 30 отсто, што е на исто ниво за време на администрацијата на Буш.
Репутацијата на американското лидерство е најголема во Африка, со 51 отсто.
Галуп објави дека истражувањето може да има „импликации врз американското влијание во странство“. Истражувањето покажа дека Германија може да ги замени САД како најголема светска сила со одобрувањето од 41 отсто испитаници.
Истражувачката организација Галуп додаде дека е прерано да се анализира дали политиката на претседателот Трамп „Америка, прво“ е успешна.
Facebook Forum