Линкови за пристапност

Помпео ја истакна потребата од намалување на ескалацијата во Јемен


Државниот секретар ја продолжува турнејата по Блискиот исток

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и саудискиот принц Мохамед бин Салман се согласија од потребата од де-ескалација на конфликтот во Јемен, вклучувајќи и прекин на огнот во стратешкото пристаниште Ходеида.

Од 2015-та, Саудиска Арабија ја предводи коалицијата која спроведува воздушни напади за поддршка на јеменската влада во борбата против бунтовниците Хоти, коишто, ја презедоа контролата врз главниот град и многу други области.

САД обезбедуваат помош за кампањата предводена од Саудиска Арабија преку воздушна и логистичка поддршка.

Во декември, американскиот сенат ја укори Саудиска Арабија и гласаше да запре поддршката од САД. Законодавците го обвинија саудискиот принц за убиството на новинарот Џамал Кашоги, кога му се губи трага откако влезе во саудискиот конзулат во Истанбул. Првично, Саудиска Арабија тврдеше дека го напуштил Конзулатот, но потоа призна е убиен.

Стејт департментот објави дека оваа тема е дел од дискусиите со саудискиот министер за државни работи Абдел ал-Џубеил.

Турција објави дека наредбата да се убие новинарот од Вашингтон пост дошла од највисоките кругови на Ријад, но саудиски официјални лица остануваат на ставот дека наредбата не стасала од саудискиот принц.

Помпео ја привршува турнејата по Блискиот исток. Од Саудиска Арабија патува за Оман, пред да ја прекина турнејата и да се врати дома поради семејни причини. „Кувајт ќе го посети наскоро“, објави неговиот портпарол.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG