Линкови за пристапност

Мајк Помпео со нова мисија во Северна Кореја


Шефот на американската дипломатија треба да се увери до каде е процесот на денуклеаризација

Американскиот државен секретар Мајк Помпео замина за Северна Кореја на разговори за ставање крај на програмата со нуклеарно оружје на Пјонгјанг и да ги провери наводите на американското разузнавање дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун продолжува да гради инфраструктура за неговата нуклеарна програма.

Помпео, е назначен од претседателот Трамп за надгледување на ветувањето од Ким од минатиот месец од самитот во Сингапур за денуклеаризирање на корејскиот полуостров. Се очекува Помпео да пристигне во петок во севернокорејскиот главен град на дводневни дискусии. Ова е трета посета на Северна Кореја и прва која што ќе остане повеќе од 24 часа.

Во историскиот договор од Сингапур, Ким Јонг ун се согласи на целосна денуклеаризира на корејскиот полуостров, но нема детали кога и како ќе се реализира.

Помпео се надева да изврши притисок врз Северна Кореја да се придржува до временската рамка за ставање крај на нуклеарната програма и да ги изложи деталите како ќе биде спроведена верификацијата.

Сепак, претседателот Трамп продолжува да ги промовира резултатите од самитот, дури и кога се соочува со скептицизам од некои американски законодавци.

Еден ден по Самитот, Трамп оцени: „Сите може да се чувствуваат побезбедно од периодот, пред да ја преземам функцијата во Белата куќа. Повеќе нема нуклеарна закана од Северна Кореја“, изјави претседателот.

Советникот за национална безбедност на претседателот Џон Болтон, изјави дека Северна Кореја мора да го уништи нуклеарниот арсенал за една година, но други официјални американски лица се надеваат дека тоа да биде завршено до крајот на првиот мандат на претседателот Трамп во Белата куќа во јануари, 2021-ва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG