Линкови за пристапност

Помпео на Самит на АСЕАН во Сингапур


Фокус на клучни безбедносни ризици, вклучувајќи ја и нуклеарната закана од Пјонгјанг, конфликтите во Јужното кинеско море, кризата во Мјанмар

Американскиот државен секретар Мајк Помпео се среќава со колегите од АСЕАН во Сингапур за да ја промовира визијата на администрацијата на претседателот Трамп за слободен и отворен индо-пацифички регион, но загриженоста за Северна Кореја, можеби ќе доминира на агендата. На министерскиот самит во Источна Азија, Помпео се среќава со 17 колеги од регионот, и ќе се осврне на клучните безбедносни ризици, вклучувајќи ја и нуклеарната закана од Пјонгјанг, конфликтите во Јужното кинеско море, кризата во Мјанмар, кибернетската безбедност.

Запрашан дали Помпео ќе има билатерална средба со севернокорејскиот министер за надворешни работи. Ри Јонг-Хо во Сингапур, виш претставник од Стејт департментот оцени дека состанокот е меѓу 27 членки на АСЕАН, вклучувајќи ја и Северна Кореја.

Руското министерство за надворешни работи објави дека работи на организирање билатерални средби на министерот Сергеј Лавров со колеги од неколку држави, вклучувајќи ги и САД.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф ќе биде во Сингапур, но виш официјален претставник од Стејт департментот рече дека нема планови за состаноци со Иран.

Во Сингапур во јуни се одржа самитот меѓу претседателот Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, при што обајцата се заложија да работат кон денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Спроти посетата во регионот, државниот секретар Помпео најави 113 милиони долари поддршка за нови инвестиции за Индо-пацифичкиот регион, со фокус на технологијата, енергијата и инфраструктурата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG