Линкови за пристапност

Северна Македонија: Пописот да се спроведе од 1 до 21 април


Северна Македонија: Пописот да се спроведе од 1 до 21 април
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Северна Македонија: Пописот да се спроведе од 1 до 21 април

Со 62 гласа „за“, без против и воздржани, денеска во Собранието помина законот за попис на населението, домаќинства и становите...

„Констатирам дека Собранието го донесе законот за попис на населението, 2021....“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието на Северна Македонија.

Со 62 гласа „за“, без против и воздржани, денеска во Собранието помина законот за попис на населението, домаќинства и становите... „За“ беа пратениците од мнозинството СДСМ, ДУИ и Беса... Пописот ја доби поддршката и од опозициските Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Зборот е даден јавно – нашата коалиција ќе го поддржи пописот
Реџепи, Алтернатива


„Зборот е даден јавно – нашата коалиција ќе го поддржи пописот и покрај сите забелешки.“, изјави Скендер Реџепи од Алтернатива.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето поради, како што соопштија, намерата на власта наместо статистичка, да спроведе политичка операција.

Не е прифатен ниту еден од 26 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 37 на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во гласањето на вакво законско решение
Мицевски, ВМРО-ДПМНЕ


„Го истуркавте ова законско решение на сила, со скратување на постапките и неможност за дискусии. Не е прифатен ниту еден од 26 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 37 на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во гласањето на вакво законско решение.“, оцени Никола Мицевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Иако најави дека нема да учествуваат, претставници на опозицијата, процедурално забележаа како се спроведе гласањето.

Предвидено е пописот да се спроведе од 1 до 21 април годинава.

Со него ќе се соберат податоци за населението, домаќинствата на територијата на земјата кои понатаму ќе се користат за креирање макроекономски политики, или за научни и статистички цели.

Последниот попис беше спроведен пред 19 години – во 2002-та. Во 2011 почна да се спроведува попис, но тој беше прекинат откако пописната комисија поднесе оставка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG