Драстичните полициски реформи беа во центарот на дебатата во САД уште од смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд во полициски притвор во Минеаполис, Минесота. Една и пол година подоцна со оглед на растечката стапка на насилство ширум САД, гласачите го отфрлија предлогот за укинување на полицијата и нејзина замена со Оддел за јавна безбедност.
На првите локални избори од смртта на Флојд, гласачите гласаа против со 56% наспроти 44% на рефендумот, на прашањето за што се гледаше како тест за поддршката на таканареченото Движење за стопирање на „финансирањето на полицијата“
„Движењето за запирање на финансирање на полицијата е јасно отфрлено“ изјави Ричард Аборн, претседател од Граѓанската комисија против криминалот, невладина организација која работи на подобрување на јавната безбедност преку иновации. „Укинувањето на полицијата не е идеја што граѓаните ја прифаќаат“, изјави тој.
„Жителите од градот одлучија дека сакаат да опстане нивниот полициски оддел. Сега почнува вистинската работа“, изјави Седрик Александер, поранешен полициски шеф и директор за јавна безбедност во општината Декалд, Џорџија.
Според него, треба да има зголемена транспарентност и подобра обука на полицајците.
Facebook Forum