Линкови за пристапност

Полски погранични сили нападнати со камења од мигрантите на границата со Белорусија


Полската полицијата потврди дека еден припадник на безбедносни сили е посериозно повреден. Тој е пренесен во болница и има скршеници на главата.

Полските погранични сили денеска биле нападнати со камења од мигрантите на границата со Белорусија, кои, пак, возвратиле со употреба на водени топови и солзавец за нивно растерување, јави Асошиејтед Прес.

Според АП, владината агенција на пограничните сили објави видео на Твитер кое покажува како се растурува група мигранти во подвижни кампови на температури под нулата.

Полската полицијата потврди дека еден припадник на безбедносни сили е посериозно повреден. Тој е пренесен во болница и има скршеници на главата.

Според Асошиејтед Прес, ситуацијата на границата ескалира поради политичката погранична криза каде се наоѓаат заглавени илјадници мигранти.

Министерството за одбрана на Полска потврди дека и војниците биле нападнати со камења и други тврди објекти.

Парламентот во Варшава се очекува денеска да гласа за легислатива со која ќе им овозможи на граѓаните да се вратат во пограничните области откако беше воведена вонредна состојба која завршува на крајот од месецот.

Воената состојба беше воведена на почетокот од септември откако голема група мигранти од Блискиот исток се обидоа да влезат во Полска од Белорусија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG