Линкови за пристапност

Полска усвои закон за забрана за поистоветување со Холокаустот


Варшава сака го заштити имиџот на земјата

Полскиот сенат усвои закон со кои ќе ги казнува сугестиите за учество на Полска во злосторствата на нацистите.

Законодавците ја усвоија мерката со 57 гласови „за“ и 23 „против“. Полскиот долен дом на Парламентот ја усвои истата мерка мината недела. За да стане закон, потребен е потпис од претседателот Анжеј Дуда.

Законот ќе го окарактеризира за криминал повикот за геноцид на Евреите или смртоносните нацистички концентрациони кампови, кои се случиле на полска територија.

Полската влада се обидува да ги спречи сугестиите дека дражавата има некаква поврзаност со нацистите и концентрационите логори на полска територија, што беше окупираната од Германија за време на Втората светска војна, изјави Расел Стоун, професор за израелските истражувања на Американскиот универзитет.

САД изразија загриженост како мерката може да се одрази врз слободата на говорот во Полска и односите меѓу Варшава со САД и Израел.

„Разбираме дека фразите како „полски кампови на смртта“ се неточни, погрешни и навредливи“, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт. „Но, мораме да бидеме внимателни за да не ја згаснеме дискусијата за Холокаустот, како одговор на неточните и навредливи коментари“, додаде таа.

Некои експерти стравуваат дека новиот полски закон може да значи затворска казна за преживеаните од Холокаустот кога јавно зборуваат за нивните наредби. Во мерката се изземени уметнички и истражувачки решенија.

Полскиот претседател истакна дека немало институционална инволвираниот од Полска во Холокаустот, но призна за некои криминални престапи кон Евреите од индивицуалци, полски државјани.

„Имало некои неморални лица кои ги продавале своите соседи за пари. Но, тоа не бил случај со целата полска нација, немало организирана акција“, изјави Дуда.

Тој потенцираше дека многу Полјаци ги жртвувале животите да спасат Евреи од нацистите и дека полските сили на отпорот и владата во егзил се спротивставиле на напорите за збришување на Евреите.

Полска беше дом на една од најголемите популации на Евреите во светот, пред нацистичка Германија да изврши инвазија во 1939-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG