Линкови за пристапност

Полска: Дуда со градоначалникот на Варшава - соочување во вториот круг


Изборните набљудувачи велат дека не очекуваат конечниот резултатот неделава драстично да се промени, и тоа значи дека двајцата кандидати ќе се соочат на вториот круг гласање на 12-ти јули.

Во Полска ќе има втор круг гласање откако ниту еден од кандидати не освои мнозинство гласови неопходни за победа.

Според синоќешните преброени податоци од изборната комисија на оваа земја, десничарскиот претседател Анджеј Дуда освои 42%, градоначалникот на Варшава Рафал Тшаковски 30%, а ТВ-водителот Зимон Холовниа 13%.

Изборните набљудувачи велат дека не очекуваат конечниот резултатот неделава драстично да се промени, и тоа значи дека двајцата кандидати ќе се соочат на вториот круг гласање на 12-ти јули.

Националистичката партија за правда и закон на претседателот Дуда се надева да го зголеми мнозинството во Парламентот и да ја имплементира, конзервативната имиграциона политика, која многу други држави во ЕУ ја сметаат за анти-демократска.

Тоа вклучува и заложба на Дуда за забрана на часовите за правата на хомосексуалците во училиштата. Тој ја нарече хомосексуалноста полоша од комунизмот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG