Линкови за пристапност

Дуда победи на претседателските избори во Полска


Дуда ја потврди победата синоќа: „Благодарам на сите Полјаци кои гласаа за мене. Би благодарам од срце“, изјави на митинг во Пултуск.

Полскиот претседател Анджеј Дуда победи на претседателските избори. Со 99% од преброените гласачки ливчиња од вториот круг, Дуда освои 51%. Тесната победа беше потврдена утринава.

Десничарскиот Дуда и либералот, градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски, освоија по 50% од гласовите, но само државната телевизија предвиде благо водство на актуелниот претседател.

Дуда ја потврди победата синоќа: „Благодарам на сите Полјаци кои гласаа за мене. Би благодарам од срце“, изјави на митинг во Пултуск.

Партијата на законот и правдата на Дуда сака да го зголеми мнозинството во Парламентот и да имплементира социјални, правни и имиграциони политики коишто ЕУ ги критикува како анти-демократски.

Меѓу нив – заложбата на Дуда да забрани часови за правата на хомосексуалците по училиштата. Тој ја нарече хомосексуалноста, полоша од комунизмот.

Тшасковски од Партијата за граѓанска платформа, сакаше да ги обнови добрите односи со ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG