Линкови за пристапност

Се` повеќе жени зависни од Pinterest


Веб-страница наречена Pinterest стана една од најжешките социјални мрежи за жени. Тоа е виртуелна табла за огласување со фотографии, рецепти, идеи за украсување и многу повеќе.

Елизабет Фрејзер сака да гледа фотографии на кучиња на Пинтрест.

„Таквите како мене кои немаат деца, често ги сметаат за деца домашните миленици. Симпатично е кога луѓето ставаат слики од нив на Пинтрест“, вели таа.

Фрејзер вели дека станала зависна од од овој виртуелен албум на сешто – од патувања, мода, идеи за домот.

Иако е онлајн веќе две години, како последниве неколку месеци да направија бум за Пинтрест, правејќи го една од најбрзо растечките веб-страници воопшто.

Фрејзер вели дека особено и` се допаѓа што Пинтрест е лесна за користење. Се` што ќе видите на кое било друго место на Интернет, едноставно го „закачувате“ на „таблата“ што сте ја креирале на различни теми.

Ребека Колман е писателка од Мериленд. Таа вели дека се „закачила“ за Пинтрест кога сфатила дека може да се искористи како средство за маркетинг. На Пинтрест ја промовирала нејзината најнова книга, „Кралството на детството“.

„Следниот ден откако ја закачив страницата, продажбата скокна. Сигурна сум дека тоа е причината“, вели таа.

Пинтрест дури и` испраќа електронски пораки кога луѓето ја „прикачуваат“ нејзината книга.

Таа вели дека Пинтрест е одличен за публицитет. „Слично како вербално ширење на вест, само што е визуелно и може да стигне до многу луѓе“, објаснува Колман.

Џејми Брансон е домаќинка. Со пријателка започнала проект, каде во блог пишуваат за нивното искуство со Пинтрест:

„Мислевме дека ќе е забавно да ги пробаме нештата што ги закачуваме. Да им кажеме на луѓето што излегло добро, а што не“.

Тие боеле волница со овошни пијалоци во прав, направиле капа за ќерката, направиле фотографии да изгледаат старински... да им дадат карактер. Многумина ги следат, судејќи по посетеноста на нивниот блог.

А дали Пинтрест е тука да остане? Никој не може да каже. Но засега е – мошне „жежок“.

XS
SM
MD
LG