Американската федерална управа за воздухопловство објави нови правила за намалување на уморот кај пилотите за време на летовите, по инцидентот од 2009-та година во Бафало, сојузната држава Њујорк, во кој загинаа 50 лица.
Новите правила го намалуваат времето на летање од 8 до 9 часа и налагаат минимален 10-часовен одмор пред новиот работен ден. Вавквиот одмор содржи задолжително, непрекинато 8-часовно спиење.
Новите мерки, што треба да стапат на сила во рок од две години, нема да важат за карго-превозниците.