Линкови за пристапност

Пјер Казалет, заменик-портпарол на НАТО: Северна Македонија доби над еден милион долари помош од САД


Пјер Казалет, заменик-портпарол на НАТО: Северна Македонија доби над еден милион долари помош од САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Пјер Казалет, заменик-портпарол на НАТО: Северна Македонија доби над еден милион долари помош од САД

Пјер Казалет, заменик-портпарол на НАТО во Oдделот за јавна дипломатија во интервју за српската редакцијата на Гласот на Америка се осврна на досегашната хуманитарна помош спрема регионот во борбата против заедничкиот непријател, КОВИД-19.

„НАТО достави помош за Македонија од Чешка, од Унгарија од Словенија, САД и Норвешка“.
Пјер Казалет, НАТО


Запрашан, за помошта на Алијансата кон официјално Скопје, сега, со статус на 30-та членка, Казалет рече: „Северна Македонија, нашата најнова членка, доби доста помош, дури и пред официјално да се придружи. Користеше софтвер на кои работеше НАТО, и го доби од Алијансата за поддршка на нејзиниот одговор кон катастрофи. НАТО достави помош за Македонија од Чешка, од Унгарија од Словенија, САД и Норвешка. Сите дадоа помош за Северна Македонија. На пример, Норвешка обезбеди теренска болница. САД обезбедија помош од еден милион американски долари за набавка на медицинска опрема. Чешката армија достави еден милион заштитни маски во Северна Македонија на почетокот на април“.

Македонскиот Парламент во Скопје
Македонскиот Парламент во Скопје

Тој не исклучи дека дополнителна поддршка е на пат кон Северна Македонија. “Повторно, тоа зависи малку од барањата, но во тек е процес. Така што, како што ќе се појават барања, како што сојузниците поставуваа барања, тогаш добиваат одговори од други сојузници преку овој механизам на НАТО, и тоа позитивни“, изјави заменик-гласноговорникот на НАТО.

Во ерата на шпекулации и лажни вести, особено во Северна Македонија во врска со помошта од НАТО и од САД, НАТО ги следи дезинформациите многу внимателно и воочиле дека има пораст во последните неколку месеци со појавата на КОВИД-19.

„Ние разработуваме каков одговор ќе дадеме. Ако сакаме да го игнорираме тоа, тоа е стратешко молчење. Значи, постојат различни начини на пристапување, особено кога станува збор за јавното здравје“, оцени Казалет.

„Со Северна Македонија, сме работеле на полето на сузбивање на дезинформациите и неколку години на патот до нивното членство кога се соочија со разни информативни кампањи. Северна Македонија има силен капацитет, самите да се справат со вакви информации, но ние и понатаму ги советуваме кога е потребно. Голем број експерти и официјални лица предупредуваат за лажни информации особено за време на пандемијата на КОВИД-19, кои доаѓаат од Кина и Русија и се занимаваат со тоа како Западот се справува со пандемијата“, изјави вториот човек за односи со медиумите во НАТО во интервјуто преку Скајп за српската редакција на Гласот на Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG