Линкови за пристапност

Филаделфија Иглс – шампиони во американскиот фудбал


Прва титула за градот Филаделфија

Аутсајдерот Филаделфија Иглс ги поразија Њу Ингланд Патриотс со 41-33 во 52-то финале на американскиот фудбал, познат како супербол, кој се играше во Минеаполис, Минесота.

Ова е прв трофеј во историјата на клубот Иглс. Квотербекот Ник Фолс, замената на првиот квотербек на тимот Карсон Венц, кој имаше сериозна повреда на коленото на 14-тата недела од сезоната, беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот, со 3 тачдаунс.

„Орлите“ од Филаделфија досега губеле два пати во финале. Во 1981-та загубија од Оукланд Рајдерс и во 2005-та, од Њу Ингланд Патриотс.

Патриотс, кој ги предводеше идното име од Халата на славните, Бил Беличек, и идниот квотербек во елитниот тим на легенди, кој досега има освоени шест трофеи Винс Ломбарди, не успеаја да го поразат ентузијастичкиот тим од Филаделфија.

40-годишниот Брејди, кој досега бил трикратен освојувач на најпрестижната титула за најкорисен играч, имаше солидна игра, со 3 тачдауни, и 462 метра на фрлена топка.

Севкупно, двата тима синоќа постигнаа рекорд, 1.052 метри од офанзивни напади, нешто што не се случило досега во едно финале во САД.

Ѕвездата Брејди најави дека следната година ќе се врати во обид да седма титула. Фолс од Филаделфија, најверојатно ќе му го отстапи местото на првиот квотербек во тимот Венц, еден од растечките ѕвезди во лигата, кој се опоравува од повреда

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG