Линкови за пристапност

Истражување на Пју во светот: Негативен имиџ на Трамп, но позитивен кон САД


Истражувањето на јавното мислење беше спроведено во 33 нации и беше извршено меѓу 37.000 луѓе, меѓу мај и октомври

Кон претседателот Трамп се гледа негативно во јавноста во многу држави, но имиџот на САД, генерално е позитивен, според истражување на Центарот Пју.

66% испитаници надвор од САД велат дека немаат доверба во Трамп дека ја врши добро работата во надворешната политика, додека само 29 отсто изразиле доверба во лидерот на САД.

Истражувањето на јавното мислење беше спроведено во 33 нации и беше извршено меѓу 37.000 луѓе, меѓу мај и октомври.

Кон Трамп се гледа по негативно во Западно Европа, објави Пју.

Само 13 отсто од испитаниците во Германија велат дека имаат доверба во Трамп, 18 отсто во Шведска, 20 отсто во Франција, 21 процент во Шпанија, 25 отсто во Холандија и Грција, 32 проценти во Британија.

Во Русија, само 20 отсто имаат доверба во надворешната политика на претседателот Трамп, а во Мексико дури 89 проценти немаат доверба во првиот човек на САД.

Во некои држави, сепак, во јавноста има голема доверба кон Трамп – Индија (56 проценти), Нигерија (58 отсто) Кенија (65 проценти), Израел (71 отсто), и Филипините (77 проценти).

Пју ги истражуваше мислењата за другите светски лидери.

Германската канцеларка Ангела Меркел има најголема доверба меѓу анкетираните – 46 проценти, следат Емануел Макрон (41 отсто), Владимир Путин (33 проценти ) и Си Џинпинг. (28 отсто).

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG