Линкови за пристапност

Доделени наградите „Пиплс чоис“ во Лос Анџелес


Најново од Холивуд
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00

Најново од Холивуд

Сандра Булок најдобра актерка во филм, комедија и драма, а ја подели и наградата за најдобар актерски дует со Џорџ Клуни

Сандра Булок доби четири награди „Пиплс чоис“, за најдобра актерка во филм, комедија и драма, а ја подели наградата за најдобар актерски дует со Џорџ Клуни за настапот во „Гравитација“.

Џенифер Хадсон ја прими хуманитарната награда за 2014-та, поради нејзиното основање на фондацијата Џулијан Кинг, во чест на нејзиниот внук кој беше убиен во 2008-ма на 7 годишна возраст. Фондацијата работи на стабилност и позитивни искуства за децата.

Сандра Булок, Џесика Алба и Хајди Клум беа само дел од бројните холивудски личности на доделувањето на наградите чии примачи ги избира пошироката публика преку Интернет, а се доделуваат во Лос Анџелес. Водителки на шоуто беа Кет Денингс и Бет Берс од ТВ-серијата „Две скршени девојки“.
XS
SM
MD
LG