Линкови за пристапност

Пентагон: Некои Колумбијци уапсени за атентатот во Хаити имале американска воена обука

Одделот за одбрана објави дека обучува илјадници армиски лица од Јужна Америка, Централна Америка и Карибите, секоја година.

Некои од колумбиските државјани коишто ги приведе националната полиција на Хаити поврзани со атентатот врз претседателот Жовенел Моисе во неговата приватна резиденција учествувале во „американска обука и програми за едукација’, потврди портпаролот на Пентагон за Гласот на Америка.

„Во моментов се спроведува разгледување на случајот, и нема дополнителни детали“, изјави поручникот Кен Хофман.

Одделот за одбрана објави дека обучува илјадници армиски лица од Јужна Америка, Централна Америка и Карибите, секоја година.

Хофман појасни дека обуката е фокусирана на „почитување на човековите права, владеење на правото и почитување на армиската хиерархија кон демократски избраното цивилно лидерство“.

Полицијата на Хаити уапси 18 Колумбијци поврзани со атентатот врз претседателот.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG