Линкови за пристапност

Новогодишни пораки за заедништво и напредок упатија претседателот Пендаровски и премиерот Заев


Да ги напуштиме поделбите, да се почитуваме и помагаме, бидејќи само така нашите желби за подобар живот ќе станат реалност, истакна претседателот Пендаровски

Со пораки за заеднички напредок, за сложна иднина, како и за реформи во полето на правдата, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев им ја честитаа новата година на македонските граѓани.

„Сите вие сте подеднакво важни за земјата. Родители и деца, наставници и ученици, работници и пензионери, земјоделци и новинари, доктори и сестри, уметници, спортисти, граѓански активисти, војници и полицајци... Сите вие, сите ние, сме дел од истото семејство. Затоа, да ги напуштиме поделбите, да се почитуваме и помагаме, бидејќи само така нашите желби за подобар живот ќе станат реалност. Само така се гради заеднички дом на среќни и сложни луѓе, кои со надеж ќе ја гледаат својата иднина тука, во својата татковина“, рече претседателот Пендаровски.

Слична честитка упати и премиерот Заев.

„Пред нас е обврската за целосно воспоставување на правна држава. Нема отстапки, нема шминки и брзи поправки, туку темелна реформа. Јас ќе направам сѐ за да го оствариме тоа. Останете посветени на правдата, вашата поддршка е суштинска за да успееме. Народе мој, посакувам да сме сите живи и здрави и со најголема радост да ги дочекаме сите новородени во 2020 година, со решеност дека ќе обезбедиме топол и безбеден дом за секое дете, за секој човек“, рече премиерот Заев.

Пораки за заеднички напредок: Новогодишни обраќања на претседателот Пендаровски и на премиерот Заев
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:07 0:00

XS
SM
MD
LG