Линкови за пристапност

Засега нема нова вонредна состојба, најави шефот на државата Пендаровски


Пендаровски: Засега нема нова вонредна состојба
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Пендаровски: Засега нема нова вонредна состојба

Жали што власта и опозицијата не ги доближиле ставовите за можниот датум за предвремените избори.

Владата не побарала од претседателот по петти пат да воведе вонредна состојба, а ниту Пендаровски смета дека има потреба од таква мерка. Изборите беа втората точка во обраќањето на шефот на државата – вели дека иако е период на корона-криза и државата има потреба од функционален парламент и политичка влада. Жали што власта и опозицијата не ги доближиле ставовите за можниот датум за предвремените избори.

Упатувам повик до лидерите на двете партии да седнеме уште денеска и да изнајдеме решение
Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија


„Ако не успееме да се договориме за инклузивен процес, тоа ќе биде влез во нова криза, која може да стане и безбедносна. Упатувам повик до лидерите на двете партии да седнеме уште денеска и да изнајдеме решение“, изјави претседателот Пендаровски.

Средба Пендаровски-Заев-Мицкоски беше експресно договорена. Тројцата вечерва ќе седнат на маса во можеби последниот обид да се постигне договор за датум за избори прифатлив и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ пред истекот на четвртата вонредна состојба, која завршува утре.

Опозицијата не се согласува со потегот на Пендаровски да нема нова вонредна состојба.

Поради вашата одговорност да ги заштитите граѓаните, мора да ја продолжите вонредната состојба
ВМРО-ДПМНЕ до претседателот Пендаровски


„Претседателе Пендаровски единственото што ви преостанува поради доброто на граѓаните, поради вашата уставна обврска да и служите на Македонија и поради вашата одговорност да ги заштитите граѓаните мора да ја продолжите вонредната состојба.“, коментира Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачките социјалдемократите повторуваат дека со прекинот на вонредната состојба почнуваат да течат изборните рокови, што значи избори на 5 јули ако нема договор со ВМРО-ДПМНЕ.

Уставот и законот тоа го кажуваат, кога нема договор меѓу лидерите, тогаш останува како велат Уставот и законите
Зоран Заев, претседател на СДСМ


„Уставот и законот тоа го кажуваат, кога нема договор меѓу лидерите, тогаш останува како велат Уставот и законите, истакна Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Брисел, преку еврокомесарот за проширување, порача дека изборите во земјава треба да бидат слободни, фер, инклузивни и кои, како што рече Оливер Вархеји, ќе ги земат предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасно економско оправување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG