Линкови за пристапност

Стево Пендаровски и Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Кирил и Методиј во Рим


Пендаровски и Радев заедно во Рим
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00

Пендаровски и Радев заедно во Рим

Проценките во Скопје, но и во Брисел се дека претстојниот период, заклучно со јуни, е клучен за деблокада на евроинтегративниот процес и дека треба да се направи се што може за да се искористи.

Скопје и Софија праќаат сигнали за подготвеност за можно деблокирање на разговорите од кои зависи продолжувањето на македонските евроинтеграции, заглавени поради ветото што го испорача Бугарија.

Двајцата шефови на држави, Стево Пендаровски и Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Кирил и Методиј во Рим. Предлогот дошол од бугарскиот претседател.

Негов предлог беше, дали би било добро, јас мислев дека е добро, со бугарски државен авион да се собере целата делегација од Скопје да отидеме заеднички да го чествуваме празникот. Тоа го правиме традиционално.
Пендаровски, претседател на Северна Македонија


„Негов предлог беше, дали би било добро, јас мислев дека е добро, со бугарски државен авион да се собере целата делегација од Скопје да отидеме заеднички да го чествуваме празникот. Тоа го правиме традиционално. Поради здравствените протоколи не можеме да одиме баш на денот на 24, туку на 26 и 27 мај, мислам дека е добар симболичен чин за она што ќе претстои – разговори, преговори... Целта не е да преговараме, туку да чествуваме. Сигурно ќе стане збор, но нема да има формални разговори зашто владите ги водат тие оперативни разговори“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

Очекувањата на Пендаровски се дека неговиот бугарски колега Радев има поумерена реторика од останатите тамошни политички фактори и, како што вели, се надева на достоинствен разговор како меѓу двајца џентлмени. Паралелно со комуникацијата на ниво на претседатели и владата најавува интензивирање на контактите со Софија, иако има преодна влада, со цел наоѓање компромис за прашањата кои Бугарија ги постави како услов за почеток на преговори со ЕУ.

Овие денови очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство коешто иако не е блиску до Балканот, има многу добра волја и голема желба да стигнеме до овој заеднички успех и имаат интерес да ја завршат работата што ја почна германското претседателство.
Димитров, вицепремиер


„Овие денови очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство коешто иако не е блиску до Балканот, има многу добра волја и голема желба да стигнеме до овој заеднички успех и имаат интерес да ја завршат работата што ја почна германското претседателство. Со оглед на тоа што од таму не се сосема најавени јавно активностите, мислам дека не треба да одам повеќе во детали, меѓутоа јавноста треба да знае дека очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство“, изјави Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања.

Проценките во Скопје, но и во Брисел се дека претстојниот период, заклучно со јуни, е клучен за деблокада на евроинтегративниот процес и дека треба да се направи се што може за да се искористи. Објаснувањето е дека потоа следат избори – претседателски во Бугарија, локални во Северна Македонија, но и парламентарни избори во Германија, кои само ќе го забават процесот и дополнително ќе ја „заглават“ земјата во европската чекална.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG