Потпретседателот на САД Мајк Пенс денеска се сретна со премиерот Зоран Заев од Република Македонија да му честита на историскиот договор со Грција од Преспа за решавање на долгогодишниот спор за името меѓу двете држави и да му заблагодари за неговото лидерство што обезбеди да има договор, се вели во соопштението од Канцеларијата на потпретседателот во Белата куќа.
Потпретседателот изрази силна поддршка за Договорот од Преспа, кој кога ќе биде имплементиран ќе доведе до поголема сигурност и просперитет за целиот регион.
Потпретседателот и премиерот дискутираа за следните чекори на имплементација на договор, вклучувајќи го и претстојниот референдум на 30 ти септември и важноста сите граѓани да гласаат на овој критичен крстопат за иднина на државата.
Потпретседателот ја изрази неговата поддршка за државата додека се движи напред кон членство во НАТО и во ЕУ.
Facebook Forum