Линкови за пристапност

Од „Пандорините документи“ протекоа глобални корупциски зделки на познати лица


Меѓу најзвучните имиња во „Пандорини документи“ е сокриеното богатство на претседателот на Азербејџан Илхам Алијев и неговото семејство.

Светски лидери, политичари, поп-ѕвезди се меѓу илјадници индивидуалци кои префрлале голем дел од богатствата преку мрежи на анонимни компании.

Документите познати како „Пандорини документи“ протекоа во неделата каде најмалку 12 милиони документи од архивите на неколку правни фирми, фрлија светлина врз „оф шор“ компаниите. Тие беа анализирани од тим од повеќе од 600 новинари.

Меѓу најзвучните имиња во „Пандорини документи“ е сокриеното богатство на претседателот на Азербејџан Илхам Алијев и неговото семејство. Заедно со неговото блиски соработници, тој префрлил во недвижнини во Британија над 544 милиони долари во последните 15 години.

Во обелоденетите документи се наведува дека Кралот Абдула Втори од Јордан има тајни недвижнини во САД и Британија во вредност од над 100 милиони долари, користејќи оф-шор компании на Карибите и британските Девствени острови.

Министри со семејства во Кабинетот на премиерот на Пакистан Имран Кан поседуваат милиони долари во земји кои важат за места каде се можно даночни затајувања. Кан најави истраги.

Како дел од големата афера „Пандорини документи“ се и две македонски оф-шор компании, објавија повеќе медиуми и портали во Северна Македонија.

„Меѓународниот корнзорциум за истражувачко новинарство“ објави детална мапа од светот, но на неа може да се види само бројот на компании фатени во мрежата на истражучко новинарство, поединечно по држави, но не и имињата на сопствениците и фирмите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG