Додека многу жители на главниот град на САД мака мачат во справување со огромното количество на снег, една од маскотите на Националната зоолошка градина во Вашингтон има помалку стресен пристап и е вистински хит по социјалните мрежи.
Пандата Тиан – Тиан во детски стил, уживаше во снегот којшто изминатиот викенд го парализираше животот на метрополата.
Вашингтонската панда е магнет за илјадници посетители во Националната зоолошка градина.