Линкови за пристапност

Најмалку 25 лица убиени во терористички напад во Пакистан


Спротивставени тврдења за тоа кој е одговорен за нападот, во кој и има многу повредени

За време на вооружен и бомбашки напад на универзитет во северозападниот дел на Пакистан во средата, загинаа најмалку 25 лица и десетици се повредени, објавија официјални и болнички извори.

Властите велат дека група од четири терористи упаднале во Универзитетот „Бака Кан“, во градот Чарсада околу 9 часот наутро и отвориле оган на ученици и професори.

I
I

Регионалниот генерален заменик-шеф на полицијата Саед Вазир Кан, вели дека меѓу напаѓачите најмалку двајца бомбаши-самоубијци.

Портпаролот на палистанските Талибанци, Мухамед Корасани, изјави дека групата нема никаква врска со нападот на Универзитетот, додавајќи дека цивилни институции не се на нивната листа на напади. Во соопштението испратено до Гласот на Америка, Корасани го прогласи нападот во средата како напад против „исламскиот шеријат“.

Претходно, локален талибански командант изјави дека испратил четири напаѓачи во универзитетот. Нема објаснување за спротивставените тврдења.

XS
SM
MD
LG