Линкови за пристапност

Во инцидент убиени четворица пакистански војници на границата со Авганистан


Пакистанските војници возвратиле на нападот, а повредени биле евакуирани во воена болница во главниот град на провинција Куета.

Пакистан објави дека од армискиот напад од другата страна од границата со Авганистан се убиени четири војници, а повредени шест. Армијата објави дека тим од војници бил во мисија да постави погранична жичана ограда во јужната провинција Жоб, кога како што ги опиша, терористи од авганистанската страна отвориле оган.

Пакистанските војници возвратиле на нападот, а повредени биле евакуирани во воена болница во главниот град на провинција Куета.

Армијата не даде детали за нападот и засега никој не презеде одговорност.

Милитантите и претходно вршеле напади врз градежните работници откако Пакистан почна да поставува жичана ограда на голем дел од 2600 километри порозната граница со Авганистан од средината на 2017-та.

XS
SM
MD
LG